Епидемилогот Стојанов: За омикрон нема ниту доволно време, ниту доволно инфицирани за да го плашиме светот
Повеќе од една недела светот живее во голем страв откако се појави новата варијанта на корона вирусот која СЗО ја нарече омикрон. Првичните информации беа дека е дури 500 пати позаразен сој и дека поради огромниот број мутации кои вирусот ги има направено токму на спајк-протеинот, нема да имаа дејство ниту вакцините, ниту пак имунитетот создаден по прележување на болеста. Но, во разговор за Фактор, епидемиологот и долгогодишниот македонски експерт за вакцинација, д-р Александар Стојанов вели дека навистина е премногу рано да се излегива со какви било ставови кои шират огромен страв кај населението.
-Вирусот се појави пред десеттина дена. Науката не може толку брзо да изнесе најточни податоци зошто нема ниту доволно време, ниту пак доволно заразени луѓе за да се направат сите испитувања во однос на тоа каква клиничка слика дава вирусот, колку луѓе може да се заразат од само еден преносител и така натаму. Значи ќе повторам, недостигаат испитувања, недостигаат пациенти за да се направи епидемиолошка крива и да видиме дале оди нагоре, дали стои праволиниски. Цело време сме во некоја паника, прво со делта, па со делта плус, сега со омикрон, но најверојатно не е баш така, смета д-р Стојанов.
Во однос на ригорозните мерки кои ги преземаат голем број држави, конкретно затворање на границите, епидемиологот Стојанов од негова гледна точка смета дека тоа не треба да се прави. Зошто, прочитајте на Фактор.мк