За стилот со Фросина Кулакова: Сакам да се дотерам и да изгледам дамски, но повеќе ми се допаѓа уличниот стил

Добивај вести на Viber

Фросина Кулакова e студент по моден дизајн. Многу сака да креира, црта, слуша музика, да излегува и да се дружи. 

Досега има креирано свои дизајни кои ги претставувала на разни модни настани.

Со Фросина зборуваме за стилот и облекувањето.

*Дефиниција за стил?

-Според мене стилот е начин на самопретставување. 


*А, Вие стилски се дефинирате како...

-Променлива, но смела. Има моменти кога сакам да се дотерам и да изгледам дамски, но многу повеќе ми се допаѓа уличниот стил. 

*Што е пресудно за добар стил?

-Смелост, креативност и самодоверба.



*Комбинирате елегантно со спортско или сте камелеон во облекувањето?

Мешам различни стилови на облека и многу бои. 

*Минимализам, хедонизам, авангарда?

- Хедонизам и авангарда 

*Гламур или класика?

- Класика

*Омилени нешта од вашата облека?



-Шаренилата! Уникатните патики,широки миди фустани и фармерки. 

*Дали практикувате брендирана облека или не ви е пресудна етикетата?

Купувам сѐ што ми се допаѓа не ми е важна етикетата ако видам дека квалитетот е добар. 

* Што сакате да постигнете со вашиот стил?

-Уникатност и препознатливост 

* Дали ако сте автентична, тоа значи и осудување од нашава средина?

-Па не, не сум била осудувана. 


- На кој дизајнер би му дозволила да ти го преуреди гардероберот?

 -  Jeremy Scott 

* Што облекувате денски, а што навечер? 

-Денски сум најчесто во широки фармерки или сукњи, сега на пролет најчесто со широки блузи на кратки. Удобноста преку ден ми е важна. Навечер многу повеќе експериментирам. Чевлите и накитот се секогаш многу важен детаљ.

View this post on Instagram

A post shared by Kulakova Frosina (@kulakovafrosina)



* Дали експериметирате со косата и шминката?

-Да многу, омилена фризура ми се плетенките (box braids). За жал не можам да ги носам постојано. А кога станува збор за шминката, кога имам време се шминкам многу. Најубаво се чуствувам со шарени тушеви за очи и многу руж.

* Ваши трикови за брз, но ефектен изглед ?

 -Во последно време не ми треба многу време да се средам. Најчесто се вадам на добрите комбинации облека за кои ми треба помалку од 5-10 минути.



*И. Ставрова