За стилот со Ива Спасовска: Јас сум уникат
За себе вели дека комбинира елегантно со спортско, и дека знае да се носи со секаква критика
Познатата македонската модна дизајнерка Ива Спасовска за „Женски магазин“ открива дел од својот гардеробер.
Кои се нејзините омилени парчиња облека и што за неа значи стилот, откријте во продолжение.
* Дефиниција за стил?
- Начин на изразување на една индивидуа.
* А, Вие стилски се дефинирате како...
- Уникат.
* Што е пресудно за добар стил?
- Добар вкус.
* Комбинирате елегантно со спортско или сте камелеон во облекувањето?
- Комбинирам елегантно со спортско.
* Минимализам, хедонизам, авангарда?
- Хедонизам, хедонизам, хедонизам.
* Гламур или класика?
- Гламур.
* Омилени нешта од вашата облека?
- „Iva Spasovska Trench Coat“.
* Дали практикувате брендирана облека или не ви е пресудна етикетата?
- Сѐ додека парчето ми се допаѓа не ми е пресудна етикетата.
* Што сакате да постигнете со вашиот стил?
- Отсликување на мојот карактер.
* Дали ако сте автентична, тоа значи и осудување од нашава средина?
- Да, но јас знам да се носам со секаква критика.
* На кој дизајнер би му дозволиле да ви го преуреди гардероберот?
- На Ива Спасовска.
* Што облекувате денски, а што навечер?
- Преку ден „Street Fashion“, а навечер „Glamour“.
* Дали експериметирате со косата и шминката?
- Да, но минимално како би ја задржала мојата природа.
* Ваши трикови за брз, но ефектен изглед.
- Немам трикови.
*Д.К.И.