За Велигден вашата куќа треба да биде полна со свежо цвеќе: Еве зошто (ФОТО)
Кога размислувате за подготовките за велигденските празници, не заборавајте на украсување на домот.
За Велигден се вели дека е еден од најголемите и најсреќните христијански празници. Велигден е симбол на победата на животот над смртта, симбол на љубовта, симбол на преродбата, симбол на победата на светлината над темнината.
Водени од таа логика, дозволете си да се радувате на животот за Велигден. Подгответе вкусни јадења, соберете драги луѓе околу вас, но никогаш не заборавајте да ја украсите куќата за да доминираат радоста и преродбата.
Најдобра асоцијација за будењето, за новото раѓање се велигденските јајца, но и свежо цвеќе. Ако ставите многу разнобојни јајца и миризливи цвеќиња на масата - радоста ќе дојде.
Еве 5 најдобри начини за украсување на вашиот дом со цвеќе за време на Велигден:
1. Јоргован или нарцис
Ставете ги во кристални вазни на средина на масата и уживајте во мирисот на пролетта. Додадете бели празнични салфетки, свежо цвеќе и неколку свеќи, и вашата празнична трпеза е подготвена.
2. Цвеќиња во стаклени куполи
Ако не сакате вашата храна да дојде во контакт со цвеќе или дечињата да ги фаќаат, најдобро е цвеќето да се изолира во долги стаклени вазни, шишиња, тегли. Таквата декорација дополнително ќе придонесе за празнична декорација на масата.
3. Лушпи од јајца како украс
Кога правите колачи и солени јадења за Велигден, ќе ви останат многу лушпи од јајца. Покрај тоа што ги користите како ѓубриво за градината, можете да ја декорирате масата со нив. Сè што треба да направите е да ја наполните лушпата од јајца со цвеќиња.
4. За мали трпезариски маси
Ако немате многу простор за украсување на вашата трпезариска маса, сè што треба да направите е да ставите постолје за торта на 3 спрата и да го поставите украсот на неа: шарени јајца и цвеќиња.
5. Весела вазна
Земете една широка, провидна, стаклена вазна. Наполнете ја со шарени јајца, и ставете свежо цвеќе над неа. Нека биде вашиот централен украс на масата!
фотографии:pinterest
извор:zenskikutak.rs