Забранети собири за новогодишната ноќ, затворени фризерници и салони: Германија воведува целосен карантин

Ќе бидат затворени и сите училишта и градинките.
Новите мерки, како што пишува Дојче Веле, ќе стапат на сила во среда и ќе траат до јануари 2021.

Германската канцеларка Ангела Меркел најави затворање на продавници, со исклучок на супермаркети и продавници за храна и други основни потребштини за граѓаните, како и аптеките. 

Освен продавниците за храна, работењето е дозволено и на банките, поштите и бензинските пумпи, граѓаните нема да смеат да пијат алкохол на јавни места, а се забрануваат и сите верски собири.

Новите построги мерки вклучуваат забрана за работа на фризерниците и салони за убавина. Истовремено, забраната се однесува и за јавни собири за новогодишната ноќ, а приватни собири се дозволени за најмногу 5 лица, но без деца.

Германската влада појаснува дека се потребни нови мерки затоа што претходните не дале резултати. Од почетокот на ноември во Германија на сила мерките кои вклучуваат забрана за работа на угостителски објекти, како и културни и спортски институции.

Некои федерални држави, како Баварија и Саксонија, веќе воведоа построги мерки. Целта на денешната средба меѓу канцеларката Ангела Меркел и премиерот на федералните покраини е усогласување на мерките на сојузно ниво, бидејќи тие сакаат да избегнат прекумерни разлики во мерките меѓу одделни покраини.