Заедно до последен здив: Сопружници починаа во разлика од неколку секунди држејќи се за раце (ФОТО)

Бил и Керол првпат се запознале како деца, пред да започнат романса пред 45 години

Сопружниците, кои биле во брак четири децении, починале во разлика од неколку секунди откако се држеле за рака. 

Вилијам (73) и Керол (69) биле хоспитализирани како тешки случаи на инфекција со Ковид, а ситуацијата дополнително се искомплицира со тоа што не биле вакцинирани.

Според страницата GoFandMi направена од нивниот внук Тим, Вилијам и Керол починале на 30 декември во болницата во Салем, откако нивната состојба се влошила, пренесува „Њујорк пост“.

„Морам со тешко срце да ви кажам дека синоќа во 21:12 часот, Бил и Керол починаа држејќи се за раце, опкружени со своите најблиски околу креветот. Тие водеа долга и тешка битка со Ковид, беа интубирани и поврзани на апарати“, напиша Тим.

Секој од осумте членови на нивното семејство неодамна беше позитивен на корона вирусот, но само Бил и Керол завршија на апарати за одржување во живот, каде што поминаа две недели, при што белите дробови и бубрезите на Бил почнале да откажуваат.

Бил и Керол првпат се запознале како деца, пред да започнат романса пред 45 години. Бил работела како машинист, а Керол работела во здравствениот сектор, а ги поврзувала нивната љубов кон природата и семејството.

Нивната ќерка Мелиса изјавила дека на денот кога починале, болничкиот персонал го сместил парот во иста просторија за да можат заедно да умрат.


„Им ги ставија креветите еден до друг, ставајќи ја раката на мајка ми во раката на татко ми. Штом се допреа, татко ми го зеде последниот здив, а мајка ми го направи истото 10 секунди подоцна“, рече Мелиса.

Тие зад себе оставија три ќерки и седум внуци.


Фото: Фејсбук - NYPOST