Зарем и ти, Ештон? Беше омилен на жените, а сега го фатија изботоксиран и мора да признаеме дека не личи на себе

Ликот на Ештон Качер на 94. доделување на Оскарите привлече големо внимание кај присутните

Една од омилените холивудски двојки - Мила Кунис и Ештон Качер беше присутна и на Оскарите.

Брачниот пар блесна во гламурозни изданија како што доликува на вакви настани, но овој пат Мила остана во сенка на сопругот.


И додека некои дебатираат дали тоа е само стареење, некои се убедени дека 44-годишниот актер, исто како и неговиот колега Бредли Купер, се предозирал со ботокс. Истото отечено лице и промена на изразот се присутни и кај Ештон, а не е доволно да се каже дека жените се разочарани.


Да потсетиме, љубовната приказна на Ештон Качер и Мила Кунис започна во 2012 година, иако тие се познаваат од 1997 година. Тие заедно ја снимија „Среќни седумдесетти“ во која глумеа љубовен пар, но во тоа време Мила имаше само 14 години. Ештон подоцна беше во брак со Деми Мур, а по разводот повторно остана близок со Мила. Тогаш ниту таа ниту тој не беа расположени за врска, но хемијата сепак беше надвор од разумот. Денеска се во брак, имаат две деца, а нивниот брак важи за еден од најстабилните во Холивуд.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм - Мила Кунис

Беше миленик на жените, а сега се појави ЦЕЛОСНО ИЗБОТОКСИРАН: Дури и обликот на главата му се смени (ФОТО)