Беше миленик на жените, а сега се појави ЦЕЛОСНО ИЗБОТОКСИРАН: Дури и обликот на главата му се смени (ФОТО)

Бредли Купер на доделувањето на наградите „SAG“ се појави со испеглано и отечено лице, што поттикна шпекулации за негово користење на ботокс

Холивудскиот миленик на жените, 47-годишниот актер Бредли Купер од почетокот на кариерата заслужено го носи овој ласкав статус, а често се зборува дека со годините изгледа подобро. Сепак, се чини дека и тој потклекна на загрижувачкиот тренд кој го мачи Холивуд во последно време, а се работи за процедурите за подмладување.

Фото: Profimedia

Бредли се појави на доделувањето на наградите „SAG“ во Лос Анџелес и сите го забележаа неговото отечено лице. На компаративните фотографии на актерот кои ги објави „Дејли Мејл“, јасно се гледа дека тој сега има помалку брчки од пред неколку години, а му се променил и обликот на главата.

View this post on Instagram

A post shared by Bradley Cooper (@bradleycooper__original)


Поради неговиот изненадувачки изглед, во втор план падна блиската средба со Лејди Гага, со која го поврзуваа додека заедно го снимаа филмот „Ѕвездата е родена“, а се пишуваше дека и поради тоа ја оставил сопругата Ирина Шајк со која има ќерка, но подоцна се покажа дека сето тоа не е вистина.

Фото: Profimedia

Покрај Бредли, Никол Кидман, која исто така неодамна се препушти на шармот на ботоксот, ги шокираше сите со своето појавување на наградите „SAG“.

Фото: Profimedia


Не е тајна дека ботоксот отсекогаш бил популарен меѓу познатите личности, но во последно време сè повеќе од нив ја минуваат границата и стануваат непрепознатливи, а некои понови примери се Кристин Дејвис, Викторија Бекам и Памела Андерсон.

Извор:zena.blic.rs