ЗДРАВИ ЕНЕРГЕТСКИ КУГЛИЦИ-Без шеќер, без печење!
Овие куглици навистина мора да ги пробате. Не се готват ниту печат, и е супер лесно да се направат. Наместо купени слатки, послужете ги малите со нив, посегнете и вие за нив, кога сакате да уживате целосно во природни вкусови. Или подарете ги во украсна кутија на оние кои сакаат здрави и природни слатки.
Сигурни сме дека на многумина од вас ќе им станат омилен десерт со попладневен чај или некој друг топол пијалок.
Состојки (за 15-20 куглици):
-10 гр мелени бадеми
-10 гр урми или суви смокви
-10 гр ореви или лешници
-сок од 1 портокал
-ванила во прав
-3 лажици чоколада во прав
-1 голема банана
-½ лажичка цимет
-3 лажички кокосово брашно-за декорација
Подготовка:
1. Бадемите, урмите и сувите смокви исецкајте ги во мултипрактик.
2.Оревите или лешниците иситнете на поголеми парчиња. Со вилушка испасирајте ја бананата.
3.Сите суви состојки измешајте ги, додајте сок од портокал, бананата и ванилата.
4. Измешајте додека не добиете соодветна смеса, од која ќе може да правите куглици. Ако процените дека ви треба уште суво овошје ули бадеми и лешници, додајте ги во смесата.
5. Со раце обликувајте куглици и на крај валкајте ги во кокос, рендана чоколада/какао во прав или слично по желба.
Куглиците чувајте ги во фрижидер и уживајте.