Здравствените власти ја анализираат состојбата: Не ја исклучуваат можноста и за полициски час

Здравствените власти во текот на неделава најдетално ќе ја анализираат епидемилошката состојба, а во случај актуелните мерки да не ги дадат потребните резултати, не ја исклучуваат можноста за воведување на најригорозната рестриктивна мерка, полицискиот час.

Ова неколкупати досега во јавноста го кажуваше и самиот министер за здравство, Венко Филипче, но целта е да се даде шанса на сегашниве мерки да доведат до намалување на трансмисијата на вирусот.

-Во случај епидемиолошката состојба и понатаму да се влошува, секако дека би морале да постапиме построго. Крајната мерка е полициски час, кој би претставувал ограничување на движењето на граѓаните од 21 до 05 часот наутро. Во моментов, и покрај загрижувачките бројки на новозаразени, и покрај исполнетите болнички капацитети, и покрај големата смртност, а во крајна граница и покрај исцрпениот и дефицитарен медицински кадар, се уште има голема раздвиженост во вечерните часови.

Повеќе информации по темата прочитајте на Фактор.мк