„Жената без насмевка“ за прв пат по 11 години брак „уловена“ како го бакнува принцот Алберт во уста: Нејзиното лице пред и по бакнежот е приказна за себе
фото:PROFIMEDIA
Пред неколку дена, принцот Алберт и принцезата Шарлин заминаа на првото заедничко патување во странство откако таа ги презеде официјалните задачи на почетокот на оваа година, а во таа прилика парот размени нежности, што е крајно невообичаено за нив.
Имено, Алберт и Шарлин ја посетија Норвешка за да присуствуваат на отворањето на специјалната изложба во музејот Фрам во Осло, а придружувани беа од нивните седумгодишни близнаци Жак и Габриела.
Принцезата, која медиумите ја нарекуваат „најтажната на светот“ поради тажниот израз на лицето и фактот што со години не е видена насмеана, вообичаено, и овојпат беше брилијантно стилизирана - носеше црн лежерен костим со дискретни детали од штрас.
фото:PROFIMEDIA
Таа го комплетираше ова минимално, елегантно издание со црна, свилена кошула, црни салонки со светки и дискретен накит, а нејзината кратка, платинесто руса коса даде посебен, атрактивен печат на целиот изглед.
Сепак, нешто друго го привлече вниманието на јавноста, а не моќниот аутфит на убавата принцеза... Имено, таа и Алберт си размениле сочен бакнеж во уста, што за нив е вистинска реткост - парот речиси никогаш не е виден во јавноста отворено да покажува наклонетост или да разменува нежни допири. Странските медиуми шпекулираат дека ова е обид да се прикријат гласините за проблемите во нивниот брак, кои се многу проширени со месеци.
фото:PROFIMEDIA
Шарлин минатиот месец зборуваше за односот со сопругот и за нејзиното здравје, но тоа го направи воздржано, нагласувајќи дека се уште е „кревка“ по враќањето од швајцарската клиника, каде што четири години се лекувала од „длабока емоционална и физичка исцрпеност“
фото:PROFIMEDIA
„Откако се вратив во кнежевството, целата енергија ја насочив кон децата, сопругот и моето здравје, бидејќи тоа ми е приоритет. Мојата здравствена состојба е се уште кревка и не сакам работите да одат пребрзо. Патот е долг, тежок и болен. Денеска сум посмирена“, изјави таа за Монако Матин.
Таа се осврна и на шпекулациите дека планира да го напушти Монако и да купи куќа во близина на Женева.
Сакате да зборуваме за гласините за развод или мојот нов дом во Швајцарија?“, им се обрати на новинарите директно и малку сатирично.
„Сè уште ми е жал што некои медиуми шират такви гласини за мојот живот, мојата врска. Како и сите други, ние сме луѓе, и како и сите други имаме емоции и слабости, но нашето семејство е изложено на медиумите и дури и најмалиот проблем е видлив“, додаде таа.
извор:zenablicПовторно покажа дека е најстилизираната принцеза во Европа: Шарлин одржа моден час
Принцезата Шарлин блеска покрај сопругот во ангелска комбинација: Сите зборуваат за насмевката на нејзиното лице (ФОТО)