Принцезата Шарлин блеска покрај сопругот во ангелска комбинација: Сите зборуваат за насмевката на нејзиното лице (ФОТО)
Зад неа е многу тежок период, но таа во голем стил се враќа во јавноста.
Принцезата Шарлин од Монако полека го продолжува својот нормален живот, а сега имаме можност повторно да ја гледаме во јавност. Таа му се придружи на нејзиниот сопруг принцот Алберт во квалификациите за Големата награда Монако во Формула 1 во Монте Карло.
Големата награда Монако се одржува секоја година кон крајот на мај или почетокот на јуни. Принцезата Шарлин за оваа прилика се одлучи за лежерна сина туника и бели фармерки,ангелска комбинација која ја комбинираше со високи црни потпетици, додека Алберт носеше кошула со отворена јака и син блејзер со црни чевли.
Ова е прв пат парот да биде виден заедно во јавност откако француските медиуми објавија дека таа добивала 10 милиони фунти годишно за да се појавува покрај нејзиниот сопруг на јавните настани.
Следниот ден пак, повторно во сина комбинација, беше во друштво на децата.
Иако порано беше редовна на натпреварите во Формула 1, Шарлин последен пат присуствуваше на Гран при 2019 година - каде што доби бакнеж во образ од Луис Хамилтон.
Шарлин неодамна се врати во Монако и минатиот месец беше видена со своите деца и сопругот, за прв пат од ноември, откако помина време во установа за лекување „исцрпеност“.
извор:GLOSSY