Најтажната принцеза со финансиски договор е врзана за принцот Алберт: Еве зошто тој ќе ѝ плаќа 12 милиони евра годишно

Добивај вести на Viber

Најтажната принцеза, Шарлин од Монако е со договор врзана за принцот Алберт.

Францускиот магазин Voici откри детали за враќањето на принцезата Шарлин во Монако. Имено, новинарите на овој тиражен магазин дознале дека таа и нејзиниот сопруг наводно потпишале финансиски договор со цел принцезата да продолжи да ги извршува службените должности во кнежевството. Според Voici, принцот Алберт за тоа ќе плаќа голема сума, дури 12 милиони евра годишно.

Според Воичи, Шарлин поголемиот дел од времето ќе го поминува во Швајцарија, каде за време на празниците ќе ја посетуваат нејзините деца, близнаците Жак и Габриел, а во замена за голема сума пари ќе мора да учествува на настани важни за кнежевството. Еден од нив е Бал де ла Роуз.

Балот е основан во 1954 година од мајката на Алберт, принцезата Грејс Кели, со идеја да го собере високото општество од целиот свет и на тој начин да собере пари за помош на децата и сиромашните. Балот оваа година е закажан за 8 јули.


Да потсетиме, принцезата Шарлин конечно излезе во јавност, за прв пат по лекувањето во психијатриска клиника во странство. Со нејзиниот сопруг Алберт и близнаците Жак и Габриел, таа се појави на трката во Формула 1, Е-При, која се одржува во Монте Карло секоја втора година.

Велигденски семеен портрет: „Најтажната принцеза“ ги објави првите фотки, четири месеци по излегувањето од психијатриска установа