Велигденски семеен портрет: „Најтажната принцеза“ ги објави првите фотки, четири месеци по излегувањето од психијатриска установа

Добивај вести на Viber

Најтажната принцеза во Европа, принцезата Шарлин од Монако сподели велигденски фотографии на својот Инстаграм профил.

Таа позираше со сопругот, принцот Алберт и децата. А ова се првите фотографии кои принцезата која ја нарекуваат „најтажната жена на светот“ ги сподели по излегувањето од психијатриска установа.

Нејзините следбеници во коментарите им го честитаа Велигден и напишаа дека се надеваат дека добро ќе закрепне.

View this post on Instagram

A post shared by HSH Princess Charlene (@hshprincesscharlene)


На една од фотографиите објавени на Инстаграм Стори, принцезата седи со семејството во црква.

 Шарлин минатиот месец се врати во Монако откако помина четири месеци во установа за ментално здравје. По нејзиното враќање, палатата соопшти дека Шарлин е подготвена да ги продолжи своите кралски должности со сопругот и децата, близнаците Жак и Габриела.

„Нејзиното враќање дома е резултат на големата грижа што ја доби на клиниката и сето ова е одобрено од нејзините психијатри“, велат од палатата.

извор:index

Дали е ова најтажниот роденден на светот: Принцезата Шарлин наполни 44 години (ВИДЕО)