Дали е ова најтажниот роденден на светот: Принцезата Шарлин наполни 44 години (ВИДЕО)
фото:pinterest/ instagram printscreen
Видеото на нејзиниот Инстаграм го објавил некој друг, а од принцезата нема ни трага ни глас.
Иако нејзините обожаватели потајно се надеваа дека до крајот на јануари, за нејзиниот роденден, принцезата Шарлин конечно ќе ја напушти болницата и ќе се врати дома кај своите дечиња - близнаците, тоа не се случи.
Исто како и седмиот роденден на нејзините близнаци, принцот Жак и принцезата Габриела, Божиќ и Нова Година, принцезата Шарлин го прослави и својот 44 роденден далеку од семејниот дом. Поради непознати здравствени проблеми, Шарлин се уште престојува во европска болница на непозната локација.
Како што беше најавено од палатата за Божиќ, нејзиното закрепнување сепак ќе трае со месеци, што е особено тешко за нејзините деца, кои во последната година уживаа само во ретки моменти со својата мајка.
На нејзиниот Инстаграм профил е објавено видео по повод нејзиниот 44 роденден, во кое е вклучен „целиот нејзин живот“ – од најраното детство до животот во палатата.
До него е опис:
„Среќен роденден на принцезата Шарлин! Ти се восхитуваме што секогаш даваш се од себе за да ги промениш животите на луѓето ширум светот, а твојата страст и посветеност да спасиш и менуваш животи се навистина инспирација. Веруваме дека ова видео од твоето досегашно патување те потсетува за тоа колку си сакана и ценета!“
Очигледно е дека видеото не го објавила Шарлин, туку некој друг, а како се чувствува најтажната принцеза на нејзиниот роденден, кој го поминува сосема сама, си знае само таа...
извор:stil.kurir.rs