Конечно со насмевка на лице: Најтажната принцеза втор пат во јавност по лечењето
Принцезата Шарлин од Монако конечно се враќа на јавниот
живот. На турнирот во рагби таа блесна во совршена облека опкружена со своето
семејство.
Принцот Алберт и близнаците Габриела и Жак беа нејзината најголема поддршка.
Да потсетиме, Шарлин (44) минатата година помина 10-ина месеци во Јужна Африка. Таа доби сериозна инфекција на синусите на добротворно патување, поради што беше хоспитализирана, што го одложи нејзиното враќање во Монако.
Таа се врати дома во ноември, но веднаш замина во Швајцарија на лекување од „исцрпеност“.
Таа вчера по вторпат беше видена во јавноста по нејзиното лекување, а многумина овој настан го опишаа како „настан кој во кнежевството се чекаше многу, многу месеци“.
Шарлин блесна во темно син миди фустан, со подигната јака и интересни детали околу половината. Носеше едноставни црни чевли, а кратката коса одлично се совпаѓаше со целиот стајлинг. Шминката беше едноставна, како и накитот, носеше само сребрени обетки.
Фото: Инстаграм/Профимедиа