Жени, послушајте ме и направете го истото како и јас: Oва беше најдобрата одлука во мојот живот

фото:Shutterstock

„Веќе не се плашам дека ќе разочарам некој, и еве како стигнав до тоа...

Една од најсреќните одлуки во мојот живот е да ги оставам луѓето да мислат што сакаат за мене. На крајот на краиштата, нивна работа е, тоа се нивни мисли и нивно време, нека го поминуваат онака како што сакаат.

Што имам јас со тоа? И, сега сум потполно слободна. 
Повеќе не се плашам дека ќе разочарам некој! Не се расправам ниту една минута. Не влегувам во никаква дискусија. Не се докажувам дали сум во право или не.

Мрзелива сум за тоа. И навистина жалам за времето кога не бев мрзлива. Премногу сум мрзелива да се натерам да разговарам со оние со кои не сакам да разговарам, да имам глупави разговори и преписки со луѓе кои не се интересни за мене, кои сакаат да ми ја закачат етикетата на СВОИТЕ, а не моите комплекси, или да ми зборуваат за она за што не сакам да разговарам со нив. Мрзелива сум да кажам ДА, кога се во мене вели НЕ.

Премногу сум мрзелива да се извинам за моето мислење, кое никогаш не го наметнувам на никого, но не барам и од нив да ме убедат.

Научете се на таква мрзеливост, драги мои. Затоа што таа ќе ве спаси и зачува за луѓето кои ви се важни во животот.

Тоа ќе ви овозможи да им помогнете на оние на кои навистина им е потребна вашата помош и да не губите време со други, неважни луѓе.

Мрзеливоста исто така ќе направи прекрасна голема промена во вашиот живот, по што ќе остане само она што ви треба.

Да се ​​ослободите од непотребните работи на сите нивоа е еден од условите за одржување на менталното здравје. Затоа што ништо не уништува како зависноста од туѓите мислења и насилството врз нас самите, додека цело време се обидуваме да исполниме нечии очекувања и да бидеме добри со секого.

Смилувајте се на себеси!

Не преземајте обврска емоционално да им служите на оние кои мислат дека нивното мислење за вас треба да влијае на вашиот живот.

Никој освен вас не треба да влијае на вашиот живот.

И така, нека мислат за нас како и колку што сакаат.

А ние ќе живееме додека тие мислат.

Автор:Ljilja Grad