Жените од племето Јао ја имаат најдолгата коса на светот: Бујна, силна, без седи влакна-тајната е во еден метод
На повеќе од 1.600 километри од Пекинг, се вгнездува селото Хуанг Луо каде живее жената со најдолга коса на светот. Како што вели легендата, пред илјадници години една девојка од локалното племе Јао буквално камшикувала и избркала непосакуван додворувач со својата коса, а традицијата на растење и одгледување на екстремно долга коса продолжила до ден-денес.
Многу жени од племето Јао се стрижат само еднаш во животот - кога ќе наполнат 18 години и на јавна, свечена прослава. После тоа, ја пуштаат косата да расте и од неа прават сложени фризури. Вообичаено е невенчаните жени да ја пикаат косата во шамија, додека мажените жени претпочитаат необична, голема пунџа која се носи на челото.
Таквата бујна, долга коса налик на грива бара посебно одржување. Косата се мие со оризова вода која се комбинира со неколку други состојки. Смесата се вари во тенџере, по што се истура во емајлиран сад, а растворот се нанесува на косата од врвот до коренот со дрвен чешел. За жал, жените тврдат дека оваа рутина е тајната на нивната сјајна, силна коса, но и на фактот дека расте многу бавно, така што косата останува црна дури и кога ќе остаре.
Интересно е што култот на косата кај ова племе бил толку голем што до 80-тите години на минатиот век било востановена практика мажот кој ќе види невенчана жена со пуштена коса, мора да му служи на семејството три години. Денес, се разбира, ова правило повеќе не важи и секој може да ужива во глетката на бујната, прекрасна коса на овие Кинески жени без страв од последици.
Селото Хуанг Луо стана вистинска туристичка атракција, каде што има и театар каде мештаните изведуваат народни песни и ора, но и демонстрираат како се мие и стилизира косата.
Повеќето од жените во оваа област имаат коса која е подолга од 1,4 метри, па дури и влегле во Гинисовата книга на рекорди. За племето Јао, нивната коса е нивниот најголем адут и веруваат дека долгата коса симболизира просперитет, долговечност, богатство и среќа.
Тајната на нивната коса лежи во посебен начин на миење со оризова вода, потоа плакнење со речна вода, а точниот ритуал се пренесува од мајка на ќерка и секое семејство има свој рецепт за шампон. Но, сите тие користат специјален ориз одгледуван во округот Лонгшенг.
Можеби не можеме да ја замислиме точната процедура за нега на коса за жените од племето Јао, но едно е сигурно - лесно и едноставно можеме сами дома да направиме оризова вода и да го пробаме нивниот метод, или барем еден дел од него.
Како се прави оризова вода и се користи за миење на косата?
Исплакнете една шолја ориз, истурете ја во тенџере и прелијте ја со вода. Оставете да се готви околу 15 минути, а оризот повремено промешувајте го. Процедете ја водата во пластично или стаклено шише. Оставете го на собна температура 24 часа додека не почне да ферментира. Истурете ја повторно во тенџерето, зовријте и оставете да се излади. Во вака подготвената оризова вода додадете неколку капки есенцијално масло, по можност чајно дрво, лаванда или рузмарин.
Наместо шампон користете оризова вода така што нежно ќе ја масирате до врвовите, но и по целата должина на косата. Добро исплакнете.
Ако сакате да ја почувствувате користа од овој метод, мора да бидете упорни и истрајни.
Резултатите се загарантирани, но само по неколку недели или дури месеци континуирана употреба на оризова вода. Препорачливо е да ја миете косата на овој начин три пати неделно.