Женствено и софистицирано издание на кралицата Летиција: Го носи најубавиот, а едноставен пролетен фустан

Добивај вести на Viber

Дали ви се допаѓа изданието на Летиција?

Пред неколку дена, шпанската кралица Летиција се појави на доделувањето на наградите „Arts and Letters“ во Кордоба, воодушевувајќи ја јавноста во прекрасно, вистинско пролетно издание.

Убавата 50-годишна дама блесна во елегантна, а сепак весела, освежителна комбинација со која нема грешка во вакви ситуации, формални, но секојдневни! 

Одбрала прекрасен фустан со цветен дезен и во пастелни нијанси, а кројот на фустанот одлично одговара на нејзината витка фигура. Украсена е со малку „пуф“ ракави, миди должина и набор кој се протега од половината до деколтето. 

Летиција го комплетираше изданието со чанта и класични салонки, а двата аксесоари беа во убава розова нијанса. На сè додаде дискретни, но скапи дијамантски обетки.


Фото: Профимедиа

Ни кратко ни тесно, а е елегантно и заводливо: Асиметричната туника на кралицата Летиција е модна инспирација која ви е потребна