Зимата им носи среќа во љубовта на овие знаци

Добивај вести на Viber

Астролозите велат дека овие хороскопски знаци зимава ќе бидат најсреќни во љубовта. Некои од нив ќе доживеат нова љубовна романса. Следи поволен љубовен период за јарците, чии знак владее сега, но среќа во љубовта ќе имаат и биковите и рибите.

Риби

Важна личност од минатото ќе ви се врати во животот. Иако никогаш не сте искусиле посерозна врска со оваа личност, токму тоа и ќе ви се случи сега. Нешто ново што не сте го знаеле досега, ќе ве натера да се вљубите. Имајте на ум дека ќе треба да се потрудите за таа љубов. 

Бик 

Ќе се двоумите помеѓу две личности. Довербата е она кое што во последно време ги прави сите луди по вас,. Не треба да барате љубов, бидејќи самата ќе дојде. Не само што ќе ви го грабне срцето, туку и ќе ве натера да се сетите што е взаемна љубов. 

Јарец 

Во вашиот живот ќе се појави лице, кое ќе ви покаже колку сте непроценливи. Тој не само што ќе се грижи за вашите потреби, туку и ќе ви покаже и колку многу му значите.