Знаете ли кои се најзлобните хороскопски знаци?

Добивај вести на Viber

Јарец

Веруваат во судбина и зборот „извини“ кај нив не постои во речникот. Може да живеете со нив цел живот и да не дознаете што имаат да ви кажат. Не знаат да ги изразат емоциите со зборови. Би ве продале за социјален статус. Кукавици се, штом видат ризик бегаат за да се спасат и лесно може да ве остават на цедило. Бавни се, мрачни и не знаат како да уживаат во убавините на животот. На моменти се искомплексирани и подобро е да се тргнете од нив.

Шкорпија

Не можат да поднесат да тонат во мизерија, па со себе повлекуваат и низа други луѓе. Утре да е крај на светот, тие нема да се шокираат, затоа што секогаш го очекуваат најлошото можно сценарио. Не се плашат од смртта. Љубоморни се и посесивни и без секс не можат да опстанат. Секогаш мислат дека некој кова завера против нив. Емоционално се незрели и не се воздржуваат ако треба да се осветат некому. Често се лутат, бесни се, плачат и во тие мигови ве мразат од дното на душата. Опасни се, лукави и големи злопамтила.

Девица

Тие не знаат за љубов, а емоциите во голем дел кај нив се сведуваат на секс. Само роботите се постудени од Девиците. Тие без размислување ќе ви забијат нож во грб и тоа промислено со длабока анализа. Знаат добро да глумат и нема да почувствувате дека ќе ве изневерат. Кај нив нема прегратки и нежности, а кога пуштаат солзи тоа е само кога се оплакуваат себеси. На моменти се како вода што врие и немаат вистинска контрола врз својот карактер. Верни си остануваат само на себеси.