„Зошто живее во вакви услови?!“ Најпознатиот Турчин ја посети мајка си после две години - фановите згрозени

Тој е мултимилионер и еден од најпознатите луѓе на планетата, во бизнисот со кој се занимава, но тоа никогаш не би се рекло по домот на неговата мајка.

Нусрет Гокче (38), попознат под псевдонимот Солт Бае, е познато име во светот на гастрономијата и човек чие богатство се проценува на 44 милиони долари. Сепак, куќата на неговата мајка не открива во каков луксуз ужива нејзиниот син.

Познатиот Турчин на Инстаграм сподели видео во кое покажува како изгледала неговата емотивна средба со мајка му, со опис:

- Ја видов мајка ми после две години.

View this post on Instagram

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)


Сепак, иако Солт Бае и неговата мајка цело време пресреќни се гушкаат и гледаат, ова емотивно видео остана во сенка на коментарите на неговите фанови. 

„Зошто живее во вакви услови? син ѝ е милионер“ и „Нормално би било да ѝ купи замок, а не да живее толку скромно“ се дел од реакциите, а многумина му замерија на познатиот готвач што две години не можел да одвои време да ја посети мајка си.
„Дали си премногу зафатен за мајка ти?“, „Ти го обиколи светот, па не можеш да одиш малку кај жената што те родила и те одгледала“... На многумина не им е јасно зошто постојано носи очила за сонце и размислува за својот имиџ наместо да оди да ја види мајка си.

Тој, инаку, често истакнува дека е врзан за семејството, а пред неколку месеци сподели фотографија стара 20 години на која ја прегрнува мајка си на свадбата на неговата сестра, нагласувајќи дека е облечен во позајмен костум.

View this post on Instagram

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)


Солт Бае е сопственик на 15 луксузни ресторани ширум светот, од Дубаи до Мајами, а меѓу љубителите на неговата кујна се и светските ѕвезди како Леонардо ди Каприо, Џејсон Стејт, Карим Бензема, Дејвид Бекам и Пи Диди. Пред неколку месеци неговиот ресторан во Дубаи го посетија српскиот фудбалер Душко Тошиќ со ќерките Атина и Ника, и многу други познати балкански и светски ѕвезди.

Покрај луксузот, рестораните на овој познат готвач се познати и по високите цени - во Лондон за стек на ова место треба да се издвојат повеќе од 1.400 фунти! Солт Бае им е познат и на корисниците на социјалните мрежи, благодарение на виралното видео од неговиот необичен начин на подготовка на храната, што стана интернет меме.


извор:GLOSSY
фото:instagram