Ѕверка од „Сексот и градот“ обвинет за силување: Две жени сведочат за сексуален напад од актерот

Во екот на големото враќање на серијата „Сексот и градот“, односно нејзиното продолжение, се појавија шокантни обвинувања на сметка на главниот актер, Крис Нот, кој го глуми Ѕверка, односно партнерот на Кери Бредшо.

Крис Нот, ѕвездата на серијата „Сексот и градот“ е обвинет за сексуален напад на две жени, од кои едната тврди дека ја силувал. Според обвиненијата, една од нив, Крис ја нападнал и силувал во 2004 година, а жртвата морала да оди на шиење по она што го доживеала на 22 години.

Обвинувањата беа изнесени за „Холивуд репортер“, во кој сведочеа две жени кои не се познаваат. Во меѓувреме Крис Нот негираше се'.

И двете жени, потпишани под псевдоними, едната како Зои (40), другата како Лили (31), тврдат дека Нот имал секс со нив пред огледало, дека ги терал на однос стоејќи зад нив, а првиот напад наводно се случил во 2004 година.години. Второто силување, според нивното сведочење, се случило во 2015 година, три години откако актерот се оженил.

Во изјавата поднесена од Крис Нот, тој тврди дека никогаш не силувал никого и дека се работи за сексуален однос кој се случил со согласност.

– Обвинувањата што ми ги упатуваат жени со кои се сретнав пред неколку години, дури и пред една деценија се невистинити, тврди тој категорично. Дури и да се случило пред 30 години или пред 30 дена, не секогаш значи не, и тоа е линија која никогаш не би ја преминал. Односите што ги имавме беа со согласност - рече Крис.

Според зборовите на жените кои ја обвинија ѕвездата на популарната серија, нападите се случиле во неговите станови, едниот во Лос Анџелес, другиот во станот што го има во Њујорк. Првата од жртвите, Зои тврди дека го посетила актерот во Западен Холивуд кога требало да му ги врати книгите, а вториот напад се случил во Гринич Вилиџ откако девојката и актерот излегле на состанок, а потоа застанале кај него за да ѝ ја покаже колекцијата виски што го чувал во тој стан.

Зои рекла дека вечерта кога била силувана го бакнала актерот, но дека после тоа сакала да си оди дома. Но тој ја повлекол кон себе, ја турнал кон креветот, и ги соблекол шорцевите и долната облека што ја носела и ја силувал гледајќи се во огледалото пред кое биле.

-Беше болно и му викав да престане. Низ солзи го замолив да стави барем кондом, а тој само се насмеа на тоа.

Како што вели таа, била со крвава маица кога успеала да си замине. Таа отишла во станот на пријателка која живеела во истата зграда со Нот и се обидела сама да ја измие крвта. Еден пријател ја однел во болница каде што морале да ја прегледаат..

- Имав конци. Дојдоа двајца полицајци. Не кажав кој ме повреди бидејќи бев сигурна дека нема да ми поверуваат и дека после тоа може да останам без работа – рече таа.

Во тоа време, таа имала 22 години, а актерот 49.

Другата жена која го обвини Ѕверка за силување сведочеше дека сето тоа се случило во 2015 година откако имала средба со него во италијански ресторан во Њујорк. Како што рекла, кога стигнале во ресторанот кујната веќе била затворена, па останале на пијачка. После тоа, тој ја поканил кај себе, а таа се согласила. Слушале музика, разговарале за, како што вели, книгите и модата, а потоа се обидел да ја бакне. Во тоа време Нот веќе бил оженет, а на жената која го обвинила за нападот наводно ѝ рекол дека не верува во моногамија.

- Тој се обидуваше и се обидуваше, можеби требаше да бидам поостра во одбивањето и веднаш да си заминам. Но, тогаш во еден миг само ги соблече панталоните и застана пред мене и се обиде да го стави неговиот орган во мојата уста. Се тргнав, но тој ме зграпчи, ме сврте и ме силуваше одзади - рекла таа.

И двете жени велат дека морале да се огласат откако во последните неколку недели постојано се зборува за продолжението на серијата „Сексот и градот“, а постојаното присуство на Нот во медиумите и кај двете поттикнало болни спомени, па тие одлучиле да признаат јавно се'.

извор:stil.kurir.rs

Ги менуваше жените како чорапи, а потоа ја сретна неа: Која е 27 години помладата убавица која успеа да го смири Ѕверката?