Ги менуваше жените како чорапи, а потоа ја сретна неа: Која е 27 години помладата убавица која успеа да го смири Ѕверката?

Жената на Крис Нот, кој во популарната серија „Сексот и градот“ го глуми ликот на Ѕверката е помлада од него 27 години, а се венчаа во 2012 година на тајна церемонија.

Актерот Крис Нот кој во хит остварувањето „Сексот и градот“ го глуми ликот на „Ѕверката“, исто како неговот лик во серијата и во приватниот живот бил вистински заводник.

Слободно може да се каже дека ги менувал жените како чорапи, сѐ додека во неговиот живот не влегла убавата Тара, која ја запознал додека држел бар во Њујорк. Убавата бариста му паднала во око и многу брзо почнале да се забавуваат, а 10 години подоцна, односно во 2012 година, се венчале на тајна церемонија.

фото: SHUTTERSTOCK

Три години порано го добиле првиот син Орион, а во 2020 година следувала уште една принова, синот Китс.

View this post on Instagram

A post shared by Chris Noth (@chrisnothofficial)

Познатата двојка ретко се појавува заедно во јавноста, а сега по подолго време се уловени на некоја свеченост. Поводот била премиерата на продолжението на серијата „Sex and the City: And Just like that...“, а на црвениот тепих насмеано позирале пред насобраните фотографи.

фото: SONIA MOSKOWITZ GORDON / ZUMA PRESS / PROFIMEDIA

Убавата Тара која инаку има филипинска, африканска и американска крв блескаше во краток кимоно фустан и сребрени сандали, а целиот изглед го имаше заокружено со романтични локни и нежна шминка, додека Ѕверката за оваа прилика носеше тегет костим.

Двојката за целото време била расположена, а како што и самите кажуваа во повеќе интервјуа, се трудат својата интима ја држеа подалеку од медиумите. Меѓутоа, сепак во една прилика открија дека на почетокот многу се карале, се разделувале и смирувале. Сега сето тоа е зад нив и уживаат во мирниот и хармоничен живот.

фото: TOPFOTO / TOPFOTO / PROFIMEDIA