Астро прогноза за 2018-та: Девици бидете подготвени на ова

Добивај вести на Viber

Драги Девици, иако со Вашиот знак владее планетата Меркур и најмногу зависите од неговото движење, а тоа значи дека е задолжително во тек на годината да знаете кога тој оди ретроградно, оваа планета воглавно ви дава поддршка во текот на целиот едногодишен циклус, бидејќи тој се движи брзо и доколку има некои проблеми тие брзо ќе се решат. Ќе имате поддршка од Уран и Сатурн па ќе добивате поддршка и на долги патеки низ работата.   Оваа година ќе имате премногу активности и задачи кои треба да ги завршите, некои ќе треба да ги започнете, а други да ги завршите. Бидете внимателни кога ги планирате вашите пари и држете се цврсто до своите обврски и должности. Можни се и добри добивки, но чувајте се од непредвидени трошоци. Севкупно, оваа година ќе биде позитивна. Девиците оваа година ќе забележат унапредување на своите љубовни односи. Оние кои се слободни оваа година ќе ја пронајдат љубовта која одамна ја бараат. Некои еротски и сензуални моменти се на вашиот пат. Нивото на привлечност ќе ви биде зголемено, при што може да ви помогне да се врзите целиот свој живот. Обидете се да направите добар баланс помеѓу романтиката, забавата и практичната страна на животот. Оваа година повеќе ќе бидете посветени на работното место. Тимската работа ќе ви помогне да ги исполните своите професионални цели. Некои Девици ќе ја променат и работата. Можни се и унапредувања, но бидете внимателни и одговорни доколку сакате да ја сочувате вашата позиција. Оваа година ќе имате значајни промени на финансиски план. Пријателите и роднините ќе ви бидат голема инспирација за да заработите повеќе пари. Но, можете да имате и некои дополнителни трошоци врзани за децата или постари членови во вашето семејство. Не дозволувајте вашите емоции да владеат со вашите финансии. Оваа година ви треба повеќе време за одмор, опуштање и помладување. Земете кратка пауза и отидете на некое патување, со цел да се наполните со позитивна енергија. Бидете сигурни дека и оваа година со вас ќе владее оптимизмот. Совет: Секогаш е подобро да делувате превентивно, отколку потоа да се лечите.