Астро прогноза за 2018-та: Сериозен период пред Раковите

Добивај вести на Viber

Драги Ракови, доаѓа сериозен период за Вас, бидејќи во вашето поле на партнерство, брак и односи во наредната година покрај Плутин ќе престојува и Сатурн, две тешки и сериозни планети, кои бараат реструктурирање на овие животни области. Кога станува збор за љубовта, следете ја вашата внатрешна интуиција. Зборувајте повеќе и остварувајте транспарентност во односите со вашиот партнер. Нетрпението не би било во ваша корист. Држете контрола над она што го работите, затоа што лесно можете да ги повредите чувствата на вашиот партнер. Исто така контролирајте ги вашите желби и емоции и обидете се повеќе да ја разбирате личноста до вас. Крајот на годината ќе ви донесе храброст и шарм за да можете да привлечете клучни потенцијални партнери. Во првата половина од оваа година може да се соочите со непосакувани трошоци. Иако ова би можело да ве вознемири, тоа би можело да ве научи подобро да управувате со буџетот. Затоа, внимавајте на трошењето. Средината на годианта би можела да ви донесе некои трошоци врзани за средувањето на куќата или за вас лично. Не трошете премногу пари на забава, затоа што може да наидете на проблеми. Оваа година ќе имате добро здравје, но потребно е повеќе време да одвоите за физичко и ментално одморање. Помладете го својот дух секогаш кога ќе имате прилика за тоа. Останете активни и јадете здраво. Бидете позитивни и дозволете си да бидете опкружени со оптимизам. Пронајдете рамнотежа помеѓу работата и забавата. Советот се однесува на вашите финансиски трошоци кои треба да ги планирате добро.