,

Атлетите на Специјална олимпијада новинари во проектот „Горди на себе“

Добивај вести на Viber

„Горди на себе“ е ТВ проект, во кој атлетите од Специјалната олимпијада ја играат улогата на новинари и прават ТВ интервјуа со македонските спортски ѕвезди, Едина Муса – кошарка, Перо Антиќ -кошарка, Кире Лазаров - ракомет, Евгениј Поп Ацев – пливање и Наташа Андонова – фудбал. Во ТВ сториите кои се емитуваат во утринската програма на МТВ  „Македонија наутро“ секој петок во 8.30 часот, атлетите на Специјална олимпијада Македонија, разговараат на теми како, спорт, музика, живот, предрасуди и ќе се претстават себе си и вештините кои ги поседуваат. „Горди на себе“ ги сместува спортските ѕвезди и ѕвездите на Специјална олимпијада на еднаков ранг, оддавајќи им признание за вложениот труд, откажувањата и успесите. Овој ТВ проект има за цел да ја сензибилизира пошироката јавност за лицата со интелектуална попреченост, а воедно да им даде поддршка со нивно прикажување во јавност, не кои се , туку што можат. По проектот очекуваме што повеќе мотивирачки приказни за лицата со интелектуална попреченост во медиумите. кои треба да овозможат намалување на стигматизацијата и предрасудите. Овој петок, соговрник на атлетите на Специјална олимпијада,  пливачот Александар Василевски и атлетичарката Јулијана Петровска е Кире Лазаров, кој дозволи да се присуствува на тренингот на Македонската ракометна репрезентација во пресрет на европското првенство. Реализацијата на „Горди на себе“ е на здружението за медиумска и комуникациска култура и граѓански права „Специјална олимпијада Макеоднија“ како добитници на гранд преку проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија.