,

Бесплатни логопедски и дефектолошки прегледи на деца од сите возрасти

Добивај вести на Viber

Здружението „Интеракција плус” од Скопје со акција за бесплатни логопедски и дефектолошки прегледи на деца од сите возрасти. До 5 февруари годинава под мотото „Да им помогнеме на децата со говорни проблеми” ова здружение ќе прави бесплатни прегледи а акцентот ќе биде ставен на децата и учениците.   Прегледите вклучуваат логопедска и дефектолошка дијагностика и проценка од страна на дипломирани логопеди и дефектолози со помош на најсовремени дијагностички методи и помагала. Целта на акцијата е да не остане непрегледано ни едно дете и да има што помалку деца со говорни и други проблеми, велат од здружението. За закажувања и дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се обратат на телефоните: (071) 973362 и (078) 245484, секој работен ден од 13-20 часот.