,

„Борка“ бара надлежните да преземат одговорност за децата кои се борат со рак

Добивај вести на Viber

Од Здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“ по информациите дека  одделението за хематологија на Детска Клиника е затворено реагираат при тоа алудирајќи на фактот дека децата од најранливите категории имаат потреба од достоинствени услови во борбата со болеста - чима на 21 век. „Борка“ како пациентско здружение, не може да остане индифернтно кога на ваков груб начин се кршат правата на пациентите, а се загарантирани со Уставот на Република Македонија. Особено сме разочарани дека ваква груба пресметка се случува на грбот на една од најранливите категории на лица, деца болни од рак… Затворањето на хематолошкото оддление на Детската Клиника не е начин на кој треба „политички“ се однесуваме кон децата. Ние како Здружение, кое се залага да се почитуваат правата на пациентите бараме итно да се обезбедат достоинствени услови за лекување, особено за оваа категорија на деца, да им се обезбеди соодветна и навремена терапија и достоинствен третман за да го победат ракот“, се вели во соопштението од „Борка“. -Ние во „Борка“ не можеме да замислиме таков свет. Затоа апелираме до Владата, до претседателот Ѓорѓе Иванов, до премиерот Зоран Заев, до Министерот за здравство- Венко Филипче, да преземат најсериозна одговорност за ова злодело врз децата кои се борат за живот, а се болни од рак. За овие деца за жал нема ниту соодветни лекови, ниту основни санитетски услови за лекување, се разбира нема ни „тетки“ кои треба да им помогнат да останат живи-велат од „Борка“. Февруари е месец посветен на борбата со ракот. Заедно да ја подигнеме свеста и да работиме на создавање подобри услови за категоријата болни од оваа кобна болест.