,

(ВИДЕО) Со љубов, од Дуке!

Дуке Бојаџиев за новогодишните празници ви подарува студиско издание од проектот Сон-Верба-Љубов, од коe дел од композициите беа изведени на неговите концерти минатите години, а дел ќе ги слушнете премиерно. Музиката е инспирирана од Македонскиот корен и традиција, напишана и снимена во Њу Јорк во периодот од 2010 до 2017 година. Посебна Благодарност до сите гости на проектот: Исмаил Лумановски (кларинет), Владимир Крстев (виолина) Ара Динкјиан (уд), Каролина Гочева (вокал), Крсте Роџевски (вокал), Наташа Петровиќ (вокал), Матијас Кунцли (перкусии). Албумот можете да го слушнете и даунлоадирате на следниов линк: https://soundcloud.com/duke-b/sets/son-verba-ljubov/s-vYGY7