„Време“ на Sarah Mace почна да одбројува во македонскиот етер

Добивај вести на Viber

Првиот албум на Sarah Mace совршено легна на полиците на Југотон. Нејзиниот проект „Floating through space with Sarah Mace“ полета со песната „Небо“ и сега, првата песна од албумот насловена „Време“ лебди низ македонскиот етер, радио станиците и топ листите придобивајќи илјадници љубители на музиката. Денес е време за „Време“ да се најде и на YouTube: https://www.youtube.com/watch?v=vNxGHj_cOps&feature=youtu.be Музиката на „Време“ е од Sarah Mace, Дејан Митовиќ и Неврус Бајрам, и текстот е од Sarah Mace. Аранжманот е од Дејан Митровиќ, Неврус Бајрам, Sarah Mace, Иван Петровски и Александар Ванчовски. Снимена е од Ивица Јанкуловски и микс и мастер е Горан Гешовски. Албумот „Floating through space with Sarah Mace“ е авторско дело на Sarah Mace и нејзиниот тим. Истиот е издаден од „Пасворд продукција“. Продуцент е Горан Гешовски и албумот се снимаше во студио „Алшар“ од Ивица Јанкуловски. Албумот е во продажба и сите заинтересирани може да го најдат во Југотон.