Настани,
Настани
Второ издание на „СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.“ општествено одговорен проект на Стопанска банка АД – Скопје
Стопанска банка АД – Скопје преку организација на второто издание на проектот „Сонуваме.Менуваме“ и овој декември се насочува кон децата со посебни потреби или пречки во развојот и потребата за нивна постојана инклузија во општеството.
На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија кои веќе 10 години ја збогатуваат домашната едукативна и забавна детска програма ќе понудат едночасовна забава во која интегрален дел се деца со посебни потреби кои помагаат текот на приказната да биде комплетен и со тоа на најпластичен начин на публиката да и се претстави инклузијата во најјасна форма.
Концертите “Сонуваме.Менуваме“ ќе се одржуваат во МОБ со овој распоред:
- Петок 15.12. од 18 часот
- Сабота 16.12 од 11 и од 14 часот
- Недела 17.12 од 11 и од 14 часот