,

Гала забава по повод отварањето на Pinko

Добивај вести на Viber

Групацијата Магнетик овој месец изненади со две нови соработки. Заштитното лице за 2018 година- Каролина Гочева и нивниот нов Италијански бренд Pinko. Вчера на 07.02.1018 во НЛБ Галерија се одржа една гламурозна забава преку која Магнетик ја претстави новата колекција на Pinko за пролет/лето 2018 година. Настaнот беше поделен во различни катчиња преку кои се презентираа различните линии на Pinko. Дел од гостите беа нашите модни блогерки, луѓе од светот на модата и секако нивното заштитно лице- Каролина Гочева. Со уникатни стајлинзи, смели комбинации, трендовски аутфити и како клучен детал огромни насмевки на лицата гостите докажаа дека не сме далеку од светските модни трендови. Pinko и Coca Cola катчето во кој гостите може да ја погледаат ова одлична соработка и да се освежат со Coca Cola. Оваа линија пленува со глитер и поп арт во Coca-Cola рекламни постери.дизајнот. Капсулата е микс од морнарски стил, елементи на чипка од долна облека и улични couture силуети. PINKO LOGO MANIA дефинитивно ја инспирира модата за оваа пролет/лето сезона го носи трендот на натписи и логоа, директно инспирирани од деведесетите.Во овој дел на четири кукли беа претстваени различните комбинации од линијата Pinko Logo Mania. Нешто што е базично за оваа Pinko капсула е чипканиот материјал разубавен во Pinko стил, со Pinko логото од двете страни. PINKO PINSTRIPE  линијата во која линиите и чипката се повторно во тренд. Катче во кое парчињата беа претставени на три модела. Контрасните стилови секогаш со Pinko даваат неочекувано добри резултати. Перфектни комбинации за на работа и за на коктел. PINKO ACCESSORIES корнерот дефинитивно ги покажа сите аксесоари кои го има PINKO. Дали ќе одберете обувки, чанта или некој друг аксесоар сигурно ќе бидете забележани. Останатите катчиња во галеријата беа местата за коктели и кетеринг за кои се грижеа Amigos mexican Restaurant & Bar. Забавата беше поддржана со вината на Tikves и одлични коктели преку кои гостите ги пробаа различните вкусови на Absolut. Обрнувајќи внимание на секој ситен детал за момент успеавме да ја почувствуваме Италијанската култура на нашата кожа. Одлична колекција, насмеани гости и добра музика се секогаш правилен рецепт за успешна и убава вечер.