,

(ГАЛЕРИЈА) Џорџо Армани Пролет-Лето/2018

Добивај вести на Viber

Пролетната колекција на брендот Џорџо Армани зрачи со чиста елеганција. Славниот италијански бренд за наредната пролет, фокусот го става на живописни цветни мотиви, од апстрактни до фотореалистични. Разиграните бои во нијанси на сина, зелена, пинк и црвена доминираа на пистата на Модната недела во Милано. [gallery link="none" size="large" ids="862,863,864,865,866,867"] Заштитниот знак на Армани во вид на совршени кроеви, посебно е забележлив на моделите на капутите и јакните кои ја следат линијата на телото. Ќе се носи наредната пролет со панталони чија должина е точно над глуждовите, а Армани за вечерите, предлага дамите да носат светликави тоалети или некое атрактивно парче облека. [gallery link="none" size="large" ids="868,869,870,871,872,873"] Костимите се заштитен знак на модната куќа на Армани. Дизајнерот ги креира така што тие дополнително ја нагласуваат и истакнуваат женската убавина.