Нова приказна за сексуално злоупотребување го тресе Холувуд. Овојпат во центарот на вниманието е главниот лик на Куќа од карти, Кевин Спејси.
Јас сум геј, призна Кевин Спејси. Но, која е заднината. Дали ова е искрено признание или изнудено решение за спас.
https://www.facebook.com/KevinSpacey/photos/a.10150316835426883.361253.11177446882/10154737910646883/?type=3&theater
„Здраво и довидување Спејси, дојде време ти да плаќаш“, напиша Роуз Мекгован, која го разоткри Харви Вајнштајн. Критичарите во Холивуд се согласни дека Кевин Спејси ја искористил својата сексуалност како оправдание, но и признавањето дека е геј за да го засени фактот дека сексуално злоупотребувал малолетно момче.
Ентони Реп се изјасни дека Кевин Спејси сексуално го злоупотребувал пред 30 години.
Реп изјави дека Спејси го зел во прегратка и го однел во кревет кога тој имал само 14 години. Тоа значи дека Кевин Спејси тогаш имал 26 години. Тие работеле заедно на бродвејска претстава, а Спејси една вечер го повикал помладиот колега на забава во неговиот стан. На крајот на забавата, откако сите отишле, Спејси легнал врз него и се обидел да има сексуален однос.
Рап, кој денес има 46 години, по овој инцидент никогаш повеќе не прозборел со Спејси. Тој вели дека со тек на време огорченоста растела, а кулминирала лани кога го видел како ја води церемонијата на доделување на наградите „Тони“.
Спејси излезе со соопштение во кое истакнува дека му е жал ако такво нешто направил, бидејќи тој не се сеќава, но и воедно ја искористи приказната за да открие дека е хомосексуалец. Актерот Кевин Спејси призна дека „сакал мажи и имал романтични средби со нив“ и дека сега одбрал да живее како хомосексуалец.
Класичен начин да „излезете од ормарот“ е соопштението кое треба да ги одврати луѓето од фактот дека сте се обиделе да малтретирате дете“, напиша комичарот Гај Бранум.