Глината има душа

Добивај вести на Viber

Рачната изработка на накит, облека или модни додатоци е сѐ поприсутна кај нас. Јавноста сѐ поактивно следи кои се најновите модни насоки.  Креативноста е посебен начин на творење или создавање. Различни креативни умови се изразуваат на свој начин. На македонската модна сцена, може да се издвојат голем број на веќе познати имиња млади и талентирани девојки и момци, кои воедно се и тренд сетери на урбаниот стил во Македонија, токму преку нивната работа. Како за пример ќе ги посочиме: Драгата La Martina Monroe, која не воведе во светот на турбаните, марамите и сите оние неизбежни модни додатоци дизајнирани во стилот на Мартина, талентираните Ема и Сандра од Cactus Design што ни го претставија Мексико во пастелни бои низ нивните дизајни на облеки, Тиноски и неговите феноменални рачно насликани чајници што душа топлат, како и многу други. Денес ве носиме во светот на полимерната глина, и ве запознаваме официјално со One Popcorn. Станува збор за Марија Таир, млада и креативна девојка, која изработува најразличен накит и модни додатоци од Boho Style до Africa’s vibes from the tribes, Pop Art и Sugar Candy, различни стилови за секоја публика. Нејзината страст за креирање и уметност, е инспирација оваа млада дама да го основа својот веќе препознатлив бренд One Popcorn. Тој достигна успех и  го разбуди интересот кај јавноста. Работи со многу љубов и внимание, а оригиналната идеја ја пакува на еден поинаков начин. Нејзините изработки и модни додатоци, покрај тоа што се одвојуваат од секојдневието, се моден одраз на веќе изградени модни стилови. Оваа девојка дефинитивно го заслужува вашето внимание. Глината повеќе не е досадна и еднобојна, сега има смисла и создаваме во боја.   За Женски Магазин, Нина Беадер,  https://ninabeaderblog.wordpress.com/