,

Дани вечерва ви порачува: Скопје е „Град на љубовта“

Добивај вести на Viber

Вечерва во 20 часот во МКЦ Дани го промовира својот најнов албум. Албумот е насловен Град на љубов“, а тематиката не е случајна. Токму таа е вистинската причина зошто промоцијата се случува токму денес, на роденденот на Скопје. Во нејзиното интервју за Женски Магазин, Дани ни откри: „Албумов во кој две ипол години останавме внатре како во фино адаптирана со пет ѕвезди пештера (што од комодитет, што од „не знаеме како сега од ова чувство, надвор“), се вика Град за љубов. Му ставивме точка, тогаш кога моравме да прифатиме дека еден ден ќе мора да се стави точка. Секогаш постои оној иритантен порив „а што викаш ова да го направиме вака“, кој ни правел застои. Во моментов ова е најдоброто од нас без насилно, вештачки и претенциозно туркање да направиме повеќе од тоа што сме. Можеме и така, но тогаш албумот би излегол по 10 години од сега и не би се сеќавале на процесот, низ што сме поминувале како чувство, за да дојдеме до тоа. А поентата меѓу другото е, да си го бележиме зреењето. Да го набљудуваме реализирањето, да учиме низ него. Како и претходните албуми, така и овој е протече од Весна Малинова Бабамов – композитор и текстописец, Кирил Бабамов – аранжер и продуцент, снимање миксање и мастеринг беше во „XL студио“ на Дејан Момировски. Албумот содржи музика што обединува, не двои. Пее за суштински заборавени вредности – за љубовта, за луѓето, за градот, за срцето. За тебе и за мене. За нас. За еднина. За целина. За Скопјево, моево, нашево, дека љубов ми е. Прва.“