ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Девици чувајте си го здравјето, Риби сега е вистинско време за раскинување

Добивај вести на Viber

Овен Чувствувате страв за својата егзистенција. Нормално е да не сте рамнодушни, но нормално е и трезвено да размислувате за сè и да пронајдете компромисно решение. Потрудете се да бидете смирени и трезвено да им приоѓате на проблемите. Бик Ако сте самоиницијативни подобро ќе се снајдете и ќе успеете да ги завршите сите ваши дневни обврски без напор. Ако пак ја истакнете вашата мрзеливост, ќе треба да ги извршувате работите повеќепати, а тоа може да биде фрустрирачко. Близнаци Имате потреба од духовна забава и од вас зависи дали ќе ја организирате. Посета на кино, театар, концерт… ќе ве наполни со позитивна енергија и ќе го растовари вашиот стрес. Размислете за ова прашање. Рак Ако финансиската состојба ви дозволува, организирајте си некое патување. Ако ја немате таа можност, искористете го денот да ги осознаете новите информации и да ги поврзете со старите се со цел да ги решите вашите денешни задачи. Лав Денес ќе се справите со многу задачи. Пред ручек ќе бидете многу поактивни, но со текот на денот ќе се зголемува вашиот замор. Направете си планови за вечерва, но не претерувајте со храната и пијалаци. Девица Имунолошкиот систем ви е слаб. Ако неодамна сте имале здравствени проблеми, голема е веројатноста пак да ви се појават. Избегнувајте контакт со непознати, и внимавајте на вашето здравје. Вага Не сте во состојба да ги формулирате вашите цели и желби јасно. Зборувате многу, но не кажувате ништо и тоа ги одбива вашите соговорници. Подобро намалете ги контактите и посветете се на поважни задачи. Скорпија Можеби ќе реализирате кратко патување. Ако осетите дека сте исцрпени или не сте во состојба да се концентрирате кон извршување на вашите задачи, најдобро е да ги одложите. Стрелец Енергијата ви е на високо ниво, но премногу сте напрегнати. Најдобро е да бидете сами и да ги намалите контактите бидејќи буквално сте премногу емотивни и тоа дополнително ви создава нескопкојство. Јарец Не е пожелно да креирате нови деловни врски или да закажувате средби со ваши партнери, кои ги познавате краток период. Можат да го проценат вашето однесување премногу нападно и несоодветно за вашата соработка во моментот. Водолија Мирен ден кој не одговара за активна работа. Подобро денес да си направите распоред и да се посветите на лични работи и да посветите внимание на вашето здравје. Вашиот партнер се чувствува запоставено од вашите работни задачи, денес завршете порано и посветете му се. Риби Некаква врска ќе се уништи или ќе одлучите дека е бесцелна. Не мислете премногу на тоа. Ако мислите дека е вистински момент да ја раскинете оваа врска, направете го тоа и посветете и се на работата, бидејќи во последно време доцните со извршувањето на задачите.