Лајонс клубот Битола по 11 пат викендов го организираше традиционалниот ЦРНО БЕЛ БАЛ, најголемиот лајонистички настан и во Дистрикт 132 и во поширокиот регион.
Секоја година настанот е тематски посветен на одредена земја со која Лајонсите имаат и заеднички проекти. Оваа година 100 години Лајонизам во светот одбележува оваа најголема светска хуманитарна организација чии корени датираат во далечната 1917 година во Чикаго кога познатиот Чикашки бизнисмен Мелвин Џонс си го постави следното прашање:
Што ако овие луѓе кои што се успешни заради нивната енергија, интелигенција и амбиција ги стават своите таленти во подобрување на заедницата каде што живеат?
И тоа беше решавачкиот момент да се создаде првиот Лајонс Клубот под идејата дека не можеш самиот да стигнеш никаде се додека не започнеш да правиш нешто и за другите. Мотото на Лајонс клубот е “Служиме”и постојано ги потсетува лајонсите низ целиот свет за важноста на служењето на заедницата.
Затоа оваа година балот беше тематски посветен на пријателството со САД, а Амбасадорот Џес Бејли лично присуствуваше.
На настанот беше присутен Хаисен Тоунсенд, третиот потпретседател на Светската лајонс организација, како и претставници на Дистриктот 132.
Пријателството и филантропијата се среќаваат на едно место. А од настанот произлегоа две донации: Урбана опрема во функција на зголемување на безбедноста на пешаците во сообраќајот со посебен акцент на слепи и лица со оштетен вид во вредност од 6.000 евра и 5.000 дански круни лично донирани од битолчанецот Пеце Бошковски со сопругата Лисе за децата со посебни потреби.
Според традицијата беа доделини јавни признанија на членови кои во текот на годината се истакнале со својата хуманост, беа примен и нови членови, а за почлесен чел на ЛК Битола беше промовирана битолчанката Јасмина Чакар, пијанистка.