Дознајте што ви предвидува хороскопот за викендов

Добивај вести на Viber

Овен (21.03 – 20.04) Стабилен и релаксирачки период во кој ќе пронајдете време за уживање. Ве очекува еден спокоен викенд. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир. Бик (21.04 – 21.05) Викендот ќе ви помине вообичаено, беа големи планови и случувања. Скршнете од својот пат и разговарајте со личности надвор од вашиот друштвен круг. Тие ќе ви откријат гледишта кои досега не ви паднале на ум. Споделете со партнерот проблем во врската за кој е неопходно брзо решение. Отвореноста ќе резултира со компромис. Близнаци (22.05 – 22.06) Вашата романтична страна викендов ќе излезе во прв план. Што повеќе се посветите на тоа, толку повеќе ќе бидете среќни и задоволни со себе. Немојте само да заборавите секогаш да имате една нога цврсто на земјата. Бидете искрени и практични и нема да погрешите, вам љубовта ви е многу важен дел од животот без кој тешко функционирате. Рак (22.06 – 22.07) Овој викенд ќе добиете идеја околу одење во странство или работа со странци. Еден помлад пријател, кој се наоѓа надвор од земјава, ќе ви вети помош. Но, треба да внимавате, затоа што такви одлуки не се донесуваат преку ноќ. Впрочем, брзите одлуки и инстинктивното реагирање не се дел од вашиот карактер, затоа седнете и добро размислете. Лав (23.07 – 22.08) Релаксирачки и мирен викенд. Меркур и Венера ви испраќаат позитивна енергија. Имате можност да се докажете пред партнерот, но и пред членовите на семејството. Многу ве иритираат коментарите од околината за вашиот љубовен живот. Внимавајте на здравјето и проверете го видот. Девица (23.08 – 22.09) Внимавајте да не загубите некои документи од работа кои се многу важни. Проверете ја нивната точност бидејќи тие ќе ви бидат од голема корист. Викендот за вас ќе биде релаксирачки откако обврските успешно ќе ги завршите. Не дозволувајте семејството да ве оптоварува со банални проблеми. Вага (23.09 – 22.10) Викендот ќе ви помине во психички пресметки самите со себе. Ви се чини дека деновите само минуваат, а вие немате време ниту за било што важно во вашиот живот. Во се ќе морате да ја вметнете и љубовта. Веројатно нема да ви биде лесно на почетокот, но да бидете посреќни ќе мораат сите области да функционираат, па дури и оние кои ви се чинат помалку важни. Шкорпија (23.10 – 21.11) Овој викен ќе имате главоболка од проблеми. Ќе бидете немирни ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои до сега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни. Финансиската ситуација додатно ќе ја влошува вашата состојба. Стрелец (22.11 – 21.12) Доколку правилно ги оцените нештата ова ќе биде мирен викенд за вас. Ќе имате доста енергија, па ќе бидете многу активни, но ќе треба да внимавате вашите активности правилно да ги насочите. Ќе бидете превртливи и непромислени. Финансиската состојба не е најдобра но е солидна. На интимен план ќе имате убав викенд. Јарец (22.12 – 20.01) Несигурен викенд во кој добро треба да размислите за следните чекори. Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи. Водолија (21.01 – 19.02) Доколку овој викенд присуствувате на некој деловен состанок бидете многу внимателни во комуникациите со претпоставените бидејќи на тој план владеат напнатости. Колегите и соработниците ќе ви бидат наклонети, па сега најдобро е да се обидете да се движите, по заобиколени патишта. На интимен план ситуацијата ве е значително подобра. Риби (20.02 – 20.03) Ситни проблеми ќе ви создаваат големи главоболки. Се почесто ќе бидете уморни што ќе ја зголеми вашата раздразливост. Финансиската ситуација не е онаква каква што посакувате да биде, па ќе морате да се потрудите повеќе за тоа. Бидете мирни викендов и потрудете се наредната недела да ја започнете со поинакви мисли.