,

Донација на Македонски Телеком и Град Скопје за детската болница – Козле

Добивај вести на Viber

  • Донирани медицински апарати во вредност од 10 000 евра
  • Донацијата е реализирана со пренамена на средствата планирани за дочекот на Нова година
Македонски Телеком и Град Скопје, денес ја предадоа донацијата од два медицински апарати на Инситутот за белодробни заболувања кај децата – Козле. Донацијата е реализирана со пренамена на средствата кои беа планирани за прославата за Нова година и е во износ од 10 000 евра. „Донесовме правилна одлука, заедно со Градот Скопје – да ги пренамениме средствата планирани за прославата,  за донација на  медицински апарати, со кои ќе се подобри здравјето и квалитетот на живот на децата. Го избравме Козле, зошто е единствена институција  од ваков тип во земјата, каде дневно се прегледуваат над 200 деца, од најрана возраст“ – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком. „Здравјето на нашите деца без исклучок е на врвот на приоритетите на Град Скопје. Ја користиме секоја прилика  безусловно да придонесеме за  унапредување на  квалитетот на животот на најмладите. Затоа одговорно ја користиме секоја ситуација која е во интерес на детското здравје“ – изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје. Донацијата ја прими медицинскиот директор д-р Ангелчо Андоновски, кој се заблагодари и истакна дека со апаратите ќе се подобри дијагностиката, ќе се намали времето на чекање и ќе се овозможи терапија за поголем број на пациенти. Болницата за белодробни заболувања кај децата - Козле е водечки Институт во нашата земја, но и регионот за комплексни респираторни заболувања кај децата. Целта на Институтот е да обезбеди целосна педијатриска нега на пациентите. Институтот  годишно згрижува 39.000 деца, од кои 4.000 се хоспитализираат, а 35.000 се лекуваат амбулантски