,

Елек-кардиган: Модно парче кое го обожаваме

Добивај вести на Viber

Секоја жена во својот гардеробер има барем еден елек. Зошто ги сакаме? Многу се удобни, меки, топли. Секоја сезона има се повеќе комбинации. Освен со панталони, елекот може да го комбинирате со хулахопки, фустан, патики или чизми. Прилагодете го како ви одговара, а за поголем впечаток, на кардиганот додадете модни додатоци како брош или појас. Еве неколку идеи како може да го комбинарате вашиот елек.