,

Есенскиот базар на автентични производи

Добивај вести на Viber

Деновиве на приземјето од трговскиот центар во City Mall, за време на одржувањето на Есенскиот базар големена раздвиженост на посетители, кои се заинтересирани да ги погледнат и купат уникатните уметнички производи, кои рачно ги имаат изработено мајстори - креативци.

Повеќе од 20тина artisans – уметници преку 18 брендови ги покажаа пред јавноста своите најнови креации како филигран и модерен накит, рачно изработени чанти и чевли, дрвени пеперушки, оригинално нацртани маички, саксии, сувенири и играчки за деца, брошови, уметнички слики, урбани принтови и рачно изработени шалови на разбој. Станува збор за имиња и брендови како Mei Ro, Глигор Кузмановски, Ani SoroShoewondercraftsWoodyzMorphoKare workshop, Little things, Farina’s handmade, Карло Хорват, Em Ellephantski, Елена Ристовска, UrbanЕra, AnArt, Huggable Dolls - amigurumiMighty jewleryBulberry и Windmill Shop.

Преку фотографиите на Томислав Георгиев во прилог ви ја пренесуваме одличната атмосфера и непосредна интеракција меѓу уметниците и посетителите на 18те дискретно декорирани штандови во знакот на есента, кои пак самите автори ги добојуваа со своите уметнички дела.