Култура // Настани
ЖЕНСКИ МАГАЗИН дел од хумана новогодишна кампања за социјално загрозени семејства
Започна голема Новогодишна хумана акција во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со 12 респектибилни македонски медиуми. На вториот кат од трговскиот центар поместени се 12 новогодишно декорирани природни елки. Една елка – еден медиум. Во кампањата се вклучија медиуми од национални телевизии, преку веб портали до радио станици, како Телевизиите: Тв Телма и Тв21, порталите: Сакам да кажам, МКД, Женски магазин, Фактор, Риборн, Мак Мода, Оффнет, А1он, Емагазин и најслушаното - Сити радио. Секој од медиумите одлучи подароците, кои ќе ги собере под својата елка да ги донира за децата на едно социјално загрозено семејство.
Првите подароци под елките веќе ги донираа самите медиуми и со тоа апелираат до граѓаните да ја разбудат во себе емпатијата во празниците кои престојат и да ги усреќат децата од 12те избрани семејства.
Овој хуман гест, превенствено има за цел да ја подигне свеста на граѓаните и наедно да ги мотивира да донираат новогодишни подароци за деца, кои сe од социјално загрозени семејства. Пред секоја елка - медиум има податоци за колку деца станува збор од социјално загрозеното семејство и на која возраст се дечињата, што ќе им олесни на посетителите околу изборот за новогодишни подароци, кои ќе сакаат да ги донираат. Задолжените волонтери во кампањата ќе бидат достапни за сите заинтересирани посетители да им излезат во пресрет и помогнат околу преземањето на подароците и дополнителни информации околу кампањата.
Хуманата акција ќе трае до 4 јануари 2018 година. Во пресрет на Бадник и Божик, медиумите ќе ги посетат домовите на овие 12 семејства и ќе им ги врачат подароците.
Подароците кои ќе бидат собрани под елката на Женски магазин ќе бидат донирани во семејството Андоновски од село Сопот, Свети Николе. Тие имаат три дечиња. Две момчиња на возраст од 6 и 5 години и девојче на возраст од 4 години.
Затоа ја покануваме јавноста да донира подароци за сите оние дечиња на кои ова многу ќе им значи. Во овие студени зимски денови да ги стоплиме и усреќиме детските срца!
За сите дополнителни информации, Ве замолуваме да се обратите во ПР и дигитал маркетинг агенцијата “Represent Communications“ која е овластена агенција за односи со јавноста од страна на Скопје Сити Мол или на следниве контакти:
Наташа Божиновска Миркова
natasha.mirkova@represent.mk; 070/206454
Ивана Тасев
ivanatasev9@gmail.com; 070/336191