Која е тајната на семејната среќа? Многу луѓе ќе речат - во компромис, трпеливост, разбирање, силна љубов ... И тие се веројатно во право. Но, ако ги прашаме децата за совети за долг и среќен живот заедно, најверојатно ќе добиеме некои прилично забавни и паметни одговори. Магазинот „Merrage Reading“ има објавено такви одговори од деца. Погледнете ги:
Што треба да прават женетите за да бидат среќни?
-"Кажете и на жената дека е неверојатно убава. Дури и кога изгледа како стар камион.“ – Рики, 7 години
"За да бидат среќни, мајките и татковците треба многу да се разберат. Тоа значи тато да и носи чај на мама кога е болна, а таа да не се жали дека посипал на сите страни ".-Кики, 6 години
Како да го најдеме вистинскиот човек за да се венчаме?
"Треба да најдете некој што ги сака истите работи што ги правите вие. На пример - ако сакате фудбал, најдете жена која, исто така, сака фудбал. И да ви донесе чипс кога започнал натпреварот, исто така, и кечап. " – Кристина, 10 години
Која е вистинската возраст за брак?
„23 години е најдобро време за брак. Тогаш луѓето веќе се познаваат цела вечност“- Мери-9 години
"Ниту една возраст не е добра за бракот! Еден мора да биде луд да се ожени! "-Стивен, 8 години
Како еден обичен минувач може да процени дали двајца се во брак?
"Тие кои се во брак изгледаат среќни и не разговараат со други луѓе, само еден со друг". - Еди, 6 години
"Ако викаат по истото дете, тие се во брак". - Дерек, 8 години
Што им е заедничко на твојата мајка и татко?
-"И двајцата не сакаат да имаат повеќе деца". - Лори, 8 години
Што прават луѓето кога одат на состанок?
"На состаноците треба да се запознаат едни со други и да се забавуваат заедно. Дури и момчињата можат да кажат нешто паметно на состанокот ако ги слушате долго и внимателно". - Линет, 8 години
"На првиот состанок обично се зборува за она што воопшто не е точно, за да можат да бидат измамени и да одат на втор состанок". - Мартин, 10 години
Кога е добро да се бакнува некој?
"Кога е богат!" - Пем, 7 години
"Законот вели дека не треба да биде 18, па затоа не сакам да се впуштам во тоа".- Курт, 7 години
"Правилото е: Ако некого бакнеш, мора да се омажиш за него и да имаш деца! Јас не сакам уште, па затоа нема да се бакнувам со никого ".-Мајкл, 6 години
Кое е подобро - да се омажиш или да не се ожениш?
"Ако сте девојка - подобро е да не се омажиш. Ако си момче - подобро е да се ожениш! На момчињата секогаш треба некој да им ги исчисти кошулите и да им готви, па тие се венчаат ". - Анита, 9 години
Што ветуваат мажите и жените кога се венчаат?
"Тие ветуваат дека ќе се разболат заедно - во добро и во зло". - Мартин, 10 години
Да се мажат/женат ли луѓето по вторпат?
-"Повеќето мажи се прилично безобразни. Значи - можеби ќе треба да се обидете повеќе од еднаш да го пронајдете вистинскиот. " - Енџи, 10 години