,

Започна продажбата на Huawei Mate 10 lite во Македонија

Доставите на lite моделот од новата Mate 10 серија почнаа да се појавуваат на македонскиот пазар. Mate 10 lite, кој освен со двојна предна и основна камера, се разликува со сериозна продуктивност и прв со Huawei FullView екран, кој може да се најде во мрежата на продажни салони на мобилниот оператор  OneVip, како и маркетите на Neptun и Сетек. Уредот ќе биде достапен три бои: графитно црно, преодно златно и сино сино. "Радоснисме што можеме да понудиме повеќе на македонскиот пазар. Тука е еден од најинтересните смарт телефони од портфолиото на новата Mate 10 серија. Комбинацијата на нови софтверски и хардверски решенија го вбројува овој модел меѓу специјалните уреди за оваа година. Очекуваме голем интерес за него во сите негови изданија - златен, црн и син "- изјави Георги Колев, извршен директор во "Кориснички Уреди" за Huawei Бугарија и Македонија. Huawei Mate 10 lite доаѓа со 5,9-инчен екран, изработен со најдобрата технологија на Huawei FullView дисплеј. Импресивниот сооднос помеѓу екранот и телото од 83 проценти и аголот од 18: 9 овозможуваат прекрасно доживување при гледањето со широк екран. Предната 13MP / 2MP двојна селфи камера, за прв пат вградена во уред на Huawei, создава висококвалитетни уметнички и "живи" слики, благодарение на Selfie Toning Flash. Основната, двојна камера, комбинира објективи со 16MP и 2MP сензори. Двете двојни камери нудат и хардверска "boké" функција за подобро изградени, чисти и уметнички кадри каде има ниско осветлување. Придвижен од 8-јадрениот процесор Kirin 659, 4GB RAM и 64GB ROM, Huawei Mate 10 lite поддржува одличен мултитаскинг со секоја активна апликација.   Благодарение на интеграцијата со Android-7 базиран на EMUI интерфејс на Huawei, користењето на овој смратфон е мирно и пријатно. Батеријата на Huawei Mate 10 lite од 3.340 mAh е особено издржлива. Умниот читач на отпечатоци на прсти користи машинско учење, за да биде попрецизен и сигурен за корисникот. Huawei Mate 10 lite располага со сопствен Huawei HISTEN аудио систем, која репродуцира наситен и квалитетен звук при гледањето на видеа и играње видео игри.