,

За ладнокрвните и лојалните: новитети од adidas-колекција Cold Blooded –

Добивај вести на Viber

Следејќи ги потребите на големите имиња кога е во прашање „најважната споредна работа на светот“, adidas Football ги претставува четирите нови модели на копачки за играње на терен и во сала. Во некои од нив ќе настапат Dele Ali, Pol Pogba, Luis Suarez и Geret Bejl. Освен тоа, во чекор со трендот за пренесување на спортската мода на улиците,претставени се и три силуети наменети за урбаното градско окружување. Серија Cold Blooded: За да ги исполнат очекувањата на играчите кои и во најстерсните моменти треба да останат ладнокрвни, adidas Football ја претстави серијата Cold Blooded. Првиот меѓу трите нови моделии, Predator 18, е достапен во бела и црвена боја, NEMEZIZ 17 е креиран во црвена боја, додека третото засилување X17. Е во бела боја со црвен знак. Сите три модели се наменети за постигнување на врвни резултати и се одликуваат со технологии кои ги стабилизираат движењата, анатмски го следат обликот на стапалата и ја обезбедуваат неопходната поддршка. Освен тоа овозможена е и адекватна поддрша на петата со цел постигнување најдобри резултати. Серија COPA: За играчите кои пред се се одликуваат со лојалност, adidas Football ја освежи и прочуената серија COPA, чија традиција даира од крајот на 70-тите години на минатиот век, кога е пуштен во продажба првиот модел под името Mundial. Двата нови модели се одликуваат со беспрекорна удобност и технологија која обезбедува стабилност на стапалото. COPA18.1. е карактеристична е по иновативниот Sock Construstion систем, кој ја прави најлесен модел од оваа серија. Ненајдените промени на правецот на движење, експлозивноста, брзината и контролата над топката ги обележале некои од „најладнокрвните“ голови во историјата, а сите четири нови модели на adidas копачки дизајнирани се токму со овие предиспозиции – ги стабилизираат движењата, пружаат двојна заштита на зглобовите и адекватна поддршка на петата. Новите модели на adidas копачки можете да ги пронајдете во мултибренд продавниците на Sport Vision и online.