Интересни факти за модниот свет

Добивај вести на Viber

Поголемиот дел на жени и мажи се информираат за новите модни трендови, но некои информации за модата ќе ве изненадат. Сите сакаме да бидеме убаво облечени, нашминкани, да имаме убава фризура, да ги следиме модните икони на социјалните мрежи. Но, љубителите на мода можеби ќе бидат изненадени кога ќе ги прочитаат овие факти за модниот свет.
  1. До средината на средниот век не постоела детска облека, туку децата носеле помал конфекциски број на облека која била намената за возрасни.
  2. Вештачките трепки првпат се појавиле во 1916 година кога холивудскиот продуцент Грифит одлучил да ги истакне очите и трепките на актерка која глумела во негов филм.
  3. Здолништето е второ најстаро модно парче.
  4. Денес кратката коса е заштитен знак на многу дами, но во минатото се сметало дека ако жената има кратка коса го изневерува сопругот.
  5. Вратоврските првпат се користеле во Хрватска
  6. Денес густите веѓи се во мода, но во Ренесансата жените ги бричеле и отстранувале.
  7. Lacoste е прв бренд кој стави лого на облека.
  8. Во 18-от век модните кретори дизајнирале кратки здолништа за да можат жените полесно влезат во автомобил.
  9. Во 19 век жените сами си шиеле облека.
  10. Кралицата Елизабета сакаше шешири, така да девојките кои имале над 7 години морале да носат шешир, инаку следувала казна.
  11. Момчињата помали од 5 години, носеле здолништа до 1910 година.
  12. Високи потпетици носеле и мажи и жени.
  13. Првиот шопинг центар се појавил во Стариот Рим.