Веројатно не постои човек кој сака и е подготвен да работи до крајот на својот живот. Повеќето луѓе се надеваат дека кога ќе го финализираат својот работен век, ќе имаат доволно приходи за мирен пензионерски живот во кој ќе може да си овозможат сѐ што посакуваат. Но, за многумина тие надежи не се исполнуваат бидејќи не успеваат за време на работниот век да обезбедат доволно приходи кои ќе им овозможат удобни пензионерски денови. Што можат да направат за да го сменат тоа? Единственото решение е навреме да почнат да размислуваат за иднината и да ги зголемат своите лични заштеди.
Со реформите во пензискиот систем во Македонија, се отвори можност граѓаните да остваруваат дополнителни пензиски заштеди преку вториот (задолжителен) и третиот (доброволен) пензиски столб. Со овие два столба управуваат двете пензиски друштва, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје (www.nlbnpf.mk) и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје (www.kbprvo.com.mk) , а супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk (тел. 02 3224 229).
Повеќе информации за пензискиот систем во земјава може да се најдат и на интернет страницата www.penzija.mk .
Кога станува збор за планирањето на пензиската иднина, добро е да ги имате на ум следните совети:
- Почнете да штедите навреме
- Издвојувајте пари за заштеда секој месец, макар и минимална сума
- Повлекувајте ги акумулираните средства во вистинско време