Понуда од „high street“ брендови
Еден од најголемите хитови оваа есен кога е модата во прашање, дефинитивно е карираниот примерок. Ако барем малку фрливте поглед на која било колекција од популарните „high street“ брендови, можевте да видите дека карираното апсолутно преовладува над сите други трендови и се наоѓа насекаде околу нас.
Моментално најпопуларни се карираните сакоа и балонери односно панталони кои доаѓаат во разни облици и модели. Ако сакате да бидете „ИН“ оваа есен, во вашиот плакар мора да се најде барем едно карирано парче блуза или капут за студените денови кои доаѓаат.
Понудата на популарни „high street“ брендови како што се Зара и Манго е многу разнолика па секој ќе може да пронајде нешто по сопствен вкус. Ние ви донесуваме неколку идеи во продолжение…